ВИДЕО: Масовна тепачка меѓу ракометарите на Вардар Ј. и Борец

 

Ракометарите на Вардар Јуниор и Борец во вториот дуел од 6. коло прикажаа недолични сцени и срамно однесување откако во финишот на мечот (31-31) дојде до општа тепачка помеѓу ракометарите и стручниот штаб на двете екипи на теренот во СРЦ „Кале“.

На седум секунди пред крајот на мечот, при напад на Борец, домашните ракометари направија жесток, неспортски прекршок врз Давитковски, кој ја имаше топката во тие моменти. На ова жестоко возвратија ракометарите на Борец,по што настана општ хаос на теренот, во кој имаше размена на удари со нозе и раце.

 

По неколку минути, се смири тензијата, и се приведе мечот кон крај, откако Илиев изведе пенал за победа, но неговиот удар го одбрани Ѓорѓевски па мечот заврши со поделба на бодовите.

 
 
15.10.2016 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега