Четврток неработен ден за сите граѓани на Македонија
Oд Министерството за труд и социјална политика информираат дека, согласно со Законот за празниците на Република Македонија, 8. Август - четврток, Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од муслиманска вероисповед им го честита Рамазан Бајрам.