ФОТО: Возачите немаат денари па си чекаат со часови - погледнете што се случува на патарината Романовце
И денеска, на последниот ден од продолжениот викенд, има километарски колони на граничните премини и патарините во Македонија, но, овој пат во обратната насока, пренесува Канал 5.
Возилата кои излегуваат од Грција, чекаат по неколку часа за да ја преминат границата. Но, сепак, најголем проблем за патниците е гужвата на наплатната станица Романовце. Според Канал 5, во колоните има најмногу Турци и Срби. Колоните, пишува телевизијата, се последица на спората наплата бидејќи возачите немаат денари за да ја платат патарината.