Собранието го донесе буџетот за 2017
Со 72 гласа за Собранието го усвои буџетот за 2017
Против беа пратениците од опозицијата.
Донесувањето на буџетот помина низ голема расправа во Собранието.
Во моментов собранието го носи законот за извршување на буџетот. На дневниот ред има уште 4 точки пред да се гласа за одлуката за распуштање. Ќе се бираат членови на Регулаторната комисија за енергитика, ќе се менуваат законите за банки и иновациска дејност, а ќе се гласа и за предлогот на програма за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и значајни личности.
Се очекува пратениците да гласаат за распуштање на Собранието.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа