Поскапе бензинот: Ова се новите цени кои важат од полноќ
Бензинот Еуросупер БС 95 од полноќ поскапе за 1,5 денари, а Еуросупер БС 98, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за два денара, одлучи вчера Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Според одлуката на РКЕ, литар Еуросупер БС 95 се продава за 63 денари, а Еуросупер БС 98 за 65 денари. Новата цена на литар „Еуродизел (Д-ЕV) e 50 денари, а на екстра лесното масло за домаќинство 38,5 денари.
Малопродажната цена на мазутот М-1 HC се зголемуви за 1,67 денари и килограм ќе чини 24,078 денари.
Зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати во просек е за 4,36 проценти.
РКЕ ја донесе одлуката за промена на цената врз основа на просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар и односот на курсот на денарот во однос на доларот во изминатите две недели.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа