Кој ја минира Катица Јанева: Дел од пратениците на СДСМ не гласаа за законите на СЈО

На последната седница пред распуштање на Собранието, со 56 гласови „против” беа отфрлени законските измени кои ги побара Катица Јанева, за измена на Законот за заштита на сведоци и за продолжување на мандатот на Специјалното јавно обвинителство.

Поддршка на предлогот дале 50 пратеници, а „против” гласаа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Од документот објавен на страницата на Собранието пак, може да се види дека за барањата на Јанева, не гласале тројца пратеници на СДСМ.  За предлогот не гласале пратениците Милена Ѓоргиева, Миле Андонов и Ален Георгијев, а биле присутни на седницата.

Инаку, предлогот за законските за СЈО еднаш „падна” во Собрание кога беше поднесен од страна на СДСМ, а денеска повторно пред пратениците го достави Павле Трајанов.

 

 

 
 
18.10.2016 - 13:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега