Зголемени каматни стапки на депозитите во месецот на штедење

 

 

По повод месецот на штедење, Охридска банка Сосете женерал од денеска до 26 ноември им нуди на своите клиенти зголемени, растечки и гарнатирани каматни стапки за денарски депозити на 12, 24 и 36 месеци.  

Од банката информираат дека со новата понуда, каматните стапки на денарскиот Депозит Прогрес се зголемени, па така, клиентите кои ќе се одлучат за денарски депозит на 12 месеци, добиваат растечка каматна стапка во последниот период  до 4 проценти. Клиентите кои ќе ги орочат своите средства во денари на 24 месеци, добиваат растечка каматна стапка до 4,5 проценти во последниот период на орочување.  Следствено на тоа, за денарски депозити на 36 месеци, на крајот од периодот клиентите ќе добијат каматна стапка до 4,75  проценти.

Минималниот износ на влог изнесува 15.000 денари, а клиентот добива можност и за дополнителни вложувања до максимални 100.000 евра во денарска противвредност.

Дополнително, на клиентите им е на располагање и уникатната услуга на пазарот за осигурување на депозит - Депозит Плус Осигурување, која им овозможува за 2 евра месечно да го осигураат својот денарски депозит.

 
 
19.10.2016 - 16:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега