СИТЕЛ: Вељановски упати покани за набљудување на изборите - Дијаспората може да се пријавува за гласање

Претстедателот на Собранието Трајко Вељаноски ги повика ОБСЕ, Советот на Европа, Европскиот Парламент, како и парламентарното собрание на НАТО да учествуваат со набљудувачки мисии за предвремените парламентарни избори на 11 декември.

Откако Вељаноски вчера го потпиша Решението за распишување на изборите, согласно предвидените прописи за мониторинг на целиот изборен процес денеска испратил покани до релевантните меѓународни институции со препорака за своите набљудувачки мисии да ја известат Државната изборна комисија, која ја утврдува процедурата за вршење на набљудување на изборите.

А, од вчера почнаа да течат и роковите на Државната изборна комисија за организација на изборите.

Денеска ДИК на својата веб-страна треба да објави посебна апликација преку која за за гласање ќе може да се пријава дијаспората.

Комисијата вчера усвоениот Роковникот е предвидено пријавувањето за гласање на македонските државјани да почне од распишувањето на изборите и да трае до 11 ноември, кога завршува јавниот увид во Избирачкиот список за сите лица со право на глас. 

Оние околу 80.000 што ги има во базата на МВР и се обележани во Избирачкиот список како иселени, ќе треба само да ја пополнат пријавата, додека другите кои не живеат во земјата повеќе од три месеци ќе треба да приложат соодветни документи како доказ дека живеат надвор од Македонија. 

Јавниот увид во Избирачкиот список во подрачните одделенија на ДИК и месните канцеларии ќе почне на 28 октомври и ќе трае петнаесет дена односно до 11 ноември.

Во јуни кога беа одложени изборите во дијаспората имаше пријавено над 6600 гласачи. На изборите во 2014 имаше пријавено 23782 гласачи, од кои на денот на гласање излегоа 11441 гласач.   

Инаку, за време на сегашниот на јавниот увид, право да се пријават за гласање ќе имаат и 30.447 гласачи кои беа со спорни записи за време на последното прочистување на Избирачкиот список.

ДИК очекува од Министерството за внатрешни работи денеска до нив да бидат доставени податоци за лица кои наполниле или ќе наполнат 18 години до денот на изборите, како и нивни фотографии кои ќе бидат приложени во Избирачкиот список. 

Според актуелните законски прописи, Избирачкиот список за овие избори освен податоци за гласачите ќе содржи и фотографии, што би требало да ги намали шансите за изборни злоупотреби и нерегуларности. 

Роковникот предвидува листите на кандидати за пратеници полититичките партии и независните кандидати да ги достават до ДИК најдоцна до 11 ноември на полноќ. Изборната кампања започнува на 21 ноември, а завршува на 9 декември.

Од распишувањето на изборите стапија на сила и роковите кои се однесуваат на радиодифузерите и медиумите.

 

 
 
19.10.2016 - 19:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега