Ристовски: Граѓаните се нашиот најсилен сојузник

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и заменик-министер за образование и наука Спиро Ристовски денеска беше на средба со граѓаните во Кичево.

- При денешната посета во општина Кичево ќе оствариме поголем број средби со нашето членство, со нашите поддржувачи во поглед на целокупните активности коишто во изминатиот период како политичка партија ги реализиравме преку Владата на Република Македонија, а истовремено да поразговараме за сето она што се приоритети во делот на процесите коишто треба да продолжат за следниот период и се поврзани на централно, но и на локално со развојот на оваа општина, рече Ристовски.

ВМРО-ДПМНЕ, како што истакна, ќе продолжи и понатаму на вакви директни и непосредни средби и разговори со граѓаните да ги позиционира своите активности за следниот период и за следниот мандат. - Така во исто време и на еден начин ќе ги пренесеме сите размислувања коишто ги имаме во делот на продолжување на реформите во образованието, во земјоделието, во здравството, во економијата генерално и целокупниот економски раст на РМ, рече тој.

Ристовски рече дека се уверени во фактот оти целокупниот успех може да се добие и реализира само со довербата на граѓаните, а довербата на граѓаните е нешто коешто го красело ВМРО-ДПМНЕ во изминатите десетина години.

- На еден начин целокупната активност и ангажман којшто ВМРО-ДПМНЕ ги имал граѓаните го потврдувале со голем број победи на сите избори досега, за разлика од нашите политички противници..., нагласи Ристовски.

Овојпат ќе понудиме најобемна програма убедени дека граѓаните повторно на 11 декември ќе бидат нашиот најголем сојузник, ќе бидат вистинскиот одговор на целата деструкција на СДСМ.

- За разлика од нив коишто се обидуваат да креираат некавки вештачки сојузи со таканаречени невладини организации ние сме убедени дека на 11 декември народот на РМ ќе биде нашиот најголем сојузник и ова раководство на СДСМ на еден начин ќе го претрпи десетиот пораз со што и ќе биде испратено во историјата, нагласи ристовски.

 
 
22.10.2016 - 15:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега