Неловски: Младите ќе бидат предводник на победата на ВМРО-ДПМНЕ на изборите

Владимир Неловски, лидер на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и член на ИК на владејачката партија оствари средба со жителите на Брвеница.

Тој поразговара со младите за новата програма на ВМРО-ДПМНЕ.

-За разлика од опозицијата која што оди на терен и не разговара за проблемите на граѓаните, ние зборуваме за конкретни дела и проекти од кои што сите млади ќе имаат некаков бенефит по 11-ти декември. Претседателот Груевски најави 40 проекти за млади, а веќе 5 од нив младите имаат можност да ги користат. Остануваат минимум уште 35 од кои бенефит ќе имаат младите од цела Македонија. Им ги презентираме и доближуваме проектите за младите да знаат зошто гласаат за ВМРО-ДПМНЕ. Младите ќе бидат предводник на победата на ВМРО-ДПМНЕ на изборите, рече тој.

 
 
23.10.2016 - 14:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега