Трпески од Горенци: На 11 декември граѓаните ќе стават крај на политичката криза креирана од СДСМ

 

Граѓаните изминативе 10 години гласаа за проекти, мерки и реформи кои им го олеснија и подобрија животот, и беа против мегаломански и нерални ветувања и празни зборови. Владата во изминиве десет години реализираше повеќе од 3500 проекти, порача Славче Трпески од ВМРО-ДПМНЕ од село Горенци, Центар Жупа.

-Денес луѓето лесно можат да направат споредба како било некогаш, а како е денес.
Така во изминатиов период се намали невработеноста од 38% на 24 % се отворија 166.000 ново отворени работни места, платите на просветните работници се во постојан раст при што најниската плата од 2006 година до денес е зголемена за 119% а највисоката за 67%, додека за пензионерите просечната пензија е зголемена за 70,1%, а најниската за по- веќе од 90%. Бенефициите ги почувствуваа и земјоделците преку обезбедената земјоделска поддршка во износ од 1 милијарда и 55 милиони евра. Покажавме како треба да се унапредува здравството со изградба на болници, клиники, набавка на медицинска опрема во износ од над 100 милиони евра. Грижата за иднината на нашата држава нај темелно се гледа во образованието, преку шансата за запишување на факултет, преку трите ново отворени државни универзитети, преку зголемените стипендии и намалените партиципации, преку можноста за студирање во странство и многу други поволности, рече Трпески.

gorenci
Граѓаните добро знаат што значи да се обновува инфраструктурата.

-Градиме 3 нови автопати, изградивме над 510 км регионална и околу 750 км локална патна мрежа. Реализацијата на 3500 проекти ја доведоа Република Македонија од 96 место во 2006 на 10 место по Doing Business извештајот на Светка Банка за 2017 година.Граѓаните на Центар Жупа знаат дека во нивната општина Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ реализира бројни проекти и тоа: Изградена е нова куќа посветена на родителите на Мустафа Кемал Ататурк во Коџаџик, Центар Жупа, Санација на објект (подови, ѕидови, столарија, електрика, покрив, водовод и канализација, санитарни јазли, машинство) во ОУ „Кемал Ататурк“, санација на подрачно училиште во с. Броштица и санација на Подрачното „Неџати Зекирија“ с. Новак, Отворени дисперзирани одделенија на центрите за социјална работа Центар жупа, Рехабилитација и санација на канал за наводнување Центар Жупа , Реконструкција и рехабилитација на пристапна улица од прв ред во Центар Жупа, Реконструкција на патни правци Центар жупа-с. Брештани и Центар жупа-с. Житнени, Обезбедување на средства за водоводни и канализациски системи во вкупно 59 општини меѓу кои и Центар жупа, Реконструкција на локални патишта во Центар Жупа за Коџаџик (Кемал Ататурк), За с. Горенци, , во Центар Жупа (крак 1,2,3,4 и 5), Надградба на патната делница Горенци – Центар Жупа како и други проекти, додаде тој.

gorenci2

ВМРО ДПМНЕ не дава празни ветувања, додава, граѓаните можат да видат што направивме за нив.
-Денес сме тука да најавиме дека се припрема нова Програма, програма која ќе донесе нови проекти и мерки кои ќе бидат реални и ќе се реализираат се со цел да го подобрат животот на граѓаните на Република Македонија, заклучи Трпески.

 
 
25.10.2016 - 19:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега