Спасов: Граѓаните ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ и за проекти за подобар живот

 

Во рамки на средбите со граѓани кои ги остваруваат високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, Диме Спасов денеска е во посета на Македонски Брод.

Од таму, Спасов и граѓаните порачаа дека е време да се стави крај на кризата.

-На 11 декември народот ќе гласа против СДСМ, затоа што е против нивните деструктивни активности, затоа што народот е против дестабилизација на Македонија и затоа што е против разнебитување и на нашата држава. Народот е против воведување на двојазичност на целата територија на Македонија, вели Спасов.

Додава дека народот многу добро знае што направи ВМРО-ДПМНЕ изминатите 10 години и ги знае реализираните проекти , големиот број на мерки кои што се реализирани со цел подобрување на животот на граѓаните во секоја општина во Македонија.

-Подобрена е бизнис климата во Македонија, реализирани се мерки за привлекување на голем број на странски инвестиции и отворање на нови работни места. Во Дуинг Бизнис Македонија е рангирана како 10-та земја во светот што е огромна потврда за успехот кој го постигнуваат политиките кои ги реализира Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, вели Спасов.

Во изминативе 10 години се намали невработеноста на историски најниско ниво на 24%.

-Ако во Македонски Брод имаше 2600 невработени во 2006 година денес во евиденцијата има околу 1.700. Тоа е за околу 33% намалување на невработеноста во оваа општина. На нивно на Македонија, ако невработеноста беше 38% во 2005, или на историски највисоко ниво, денеска невработеноста е на историски најниско ниво односно 24%. Граѓаните ќе го дадат својот глас за ВМРО-ДПМНЕ затоа што сакаат проектите за подобрување на нивниот живот да продолжат и да се продолжи со реализација на нови мерки и проекти. За изградба на автопати, болници, училишта, градинки, со отворање на нови работни места и со решавање на реалните проблеми кои ги засегаат граѓаните, заклучи Спасов.

 
 
26.10.2016 - 14:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега