Младо момче се бори за живот на скопските клиники - се повредило работејќи во рудник
Рудар од Пробиштип, вчера, со тешки телесни повреди е донесен на скопските клиники.
Според информациите од полицијата, вчера наутро, околу 10.30 часот во Здравствениот дом во Пробиштип бил донесен 24 годишниот А.Ј. од село Древено, кој, работејќи во рудникот „Индо минерали и метали“ заработил повреди на главата и телото.
Од Здравстевниот дом во Пробиштип, момчето било пренесено во Штип, а потоа, поради сериозноста на повредите бил донесен во Скопје.
Полицијата работи на расчистување на случајот.