Заврши распитот на Канческа-Милевска: Ова е политички театар

Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, денеска се појави на распит во Кривичниот Суд, за случајот Тендери на Специјалното Јавно Обвинителство.

Министерката пред новинарите пред Судот изјави дека сето ова е „политички театар организиран од СДСМ со поддршка од СЈО“ и дека се што имала кажала на прес-конференцијата која ја одржа веднаш по пред-конференцијата со обвинувања од СЈО.

За потсетување, министерката Милевска на прес-конференција истакна дека сите проекти во Министерството се правени според закон. Изјави дека се чисти како солза и се спроведувани на најуреден начин според законите и ги негираше сите тврдења на СЈО.

Таа пред публиката ги покажа документите и договорите кои се согласно законот и дека е објавено обвинение за предмет кој не е истражен.

 
 
28.10.2016 - 12:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега