Објавени првите носители на кандидатски листи за пратеници за изборите на 11 декември

Централното собрание на ДПА на денешниот состанок во Советот на Општина Тетово ги утврди листите за пратеници за претстојните предвремени парламентарни избори. Според оваа одлука, носител на листата во Изборната единица 1 ќе биде Идриз Орана, во ИЕ 2 Орхан Ибраими, Сами Рушити ќе биде носител на листата во Третата изборна единица, а во Петтата Сами Рушити, додека претседателот на ДПА Мендух Тачи ќе биде носител на листата за пратеници во Изборната единица број.

- Централното Собрание на ДПА како највисок орган на партијата меѓу два конгреса и во согласност со статутот, ги утврди листите за пет изборни единици во државата со нивните носители, изјави портпаролот на ДПА Беким Фазлиу. Тој посочи дека на состанокот на Централното собрание немало други точки за расправа.

Останатите партии се уште тактизираат. Рокот за поднесување на листите истекува на 11 ноември.

 
 
31.10.2016 - 11:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега