Со дрвен стап си ги претепал родените родители - се пролеа крв во куќа во Старо Нагоричане

 

40 годишниот И.Д. од селото Бајловци - Старо Нагоричане, ги претепал своите родители поради недоразбирање околу имотот на семејството.

Како што информираат од полицијата, на 19. јуни годинава, И.Д. дошол во куќата на неговите родители и одлучил физички да ги казни поради нарушените имотно правни односи. Тој ги претепал сопствените родители со дрвен стап.

Од МВР информираат дека И.Д. ќе одговара за сторени криивчни дела „тешка телесна повреда“ и „телесна повреда при семејно насилство“. 

најчитано сега