УХМР: Утре снег во Македонија
Времето е малку до умерено облачно, а слаби врнежи од дожд има во К.Паланка и Охрид. Дува слаб до умерен ветер од западен и јужен, а во западните и северните делови од северен правец.
Утре ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег, претежно во западните делови од земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, а во западните делови повремено и засилен од југозападен правец.
Нови врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег, ќе има од петок попладне до сабота на пладне. Потоа следува променливо облачно време со пониски утрински температури.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа