Слободан Богоевски стана носител на пратеничка листа за изборите

Ексразузнавачот Слободан Богоевски е најголемо изненадување на листите за пратеници на Коалицијата за промени и правда (КПП). Нему му е доделена водечката позиција на 4. изборна единица. Прецизирани се и носителите на останатите листи, а меѓу нив се водечките луѓе на двете најголеми партии во коалицијата од опозицијата - Демократски сојуз (ДС) и Фронтот за демократска Македонија (ФРОДЕМ).

 

Официјалната презентација на листите за презентација се одржа денеска, и на неа беше обелоденето дека во „единицата“ ќе истрча претседателот на ДС, Павле Трајанов, додека носителот во „двојката“ ќе биде Јове Кекеновски од ФРОДЕМ. „‘Тројката‘ е резервирана за Весна Стоименовска, ‘четворката‘ за Слободан Богоевски, ‘петката‘ за Ацо Делов и ‘шестката‘ за Бранко Мајсторовски“, велат извори на Утрински весник.

 
 
10.11.2016 - 18:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега