Ескалира состојбата во опозицијата - СДСМ пука по сите шавови

Расправиите кои почнаа по формирањето на кандидатските листи се вжештија откако Заев ја формираше коалицијата. Високи функционери и пратеници го обвинија дека ја приватизирал партијата и носел непринципиелни одлуки без консултација со раководните тела.

Ескалира состојбата во опозицијата. Соочени со страшен пораз кој не само што е на повидок, туку станува се пореален и пореален со секој нов политички потег на Заев и коалицијата, сегашните и поранешни пратеници на СДСМ се расеани, уплашени и крајно нервозни.

После исклучително бурните реакции од страна на функционерите и членовите на СДСМ за договорот меѓу Заев и Драгиша Милетиќ за коалиција, поранешната пратеничка Ленче Николовска очигледно во состојба на врвна паника синоќа, без ниту еден милиграм срам, јавно адресираше уште една нарачка на СДСМ до СЈО.

lence-fb

СДСМ го гледа СЈО како единствен спас од кашата во која самиот се донесе. Јавна тајна е дека СЈО работи во координација и по нарачки на СДСМ, меѓутоа ова е за прв пат едно високо официјално лице на партија јавно на Фејсбук, без нималку срам, да упатува нарачки до СЈО со една од нивните празни прес-конференции да се обидат да ја дефокусираат јавноста од внатрешните проблеми на опозицијата.

Ленче Николовска не е првиот опозиционер кој без срам и перде упатувал нарачки до СЈО. Нејзиниот лидер Зоран Заев на собирот во Капиштец пред повеќе месеци јавно ги најавуваше притворите кои СЈО ќе ги бара за функционери на ВМРО-ДПМНЕ, уште тогаш давајќи јавни сигнали за координираноста меѓу СДСМ и СЈО.

По коалицирањето со Драгиша Милетиќ кој пред две години тврдеше дека во Куманово се појавиле лажни политички претставници кои ги мамат Србите во земјава да се зачленат кај нив, а дека позади ова стои висок функционер од СДСМ, со низа реакции и големо разочарување се јавија високи партиски функционери на СДСМ како и нивни активисти.

 

daneva-fb

 

bendevska-fbalek-gbmickovski-fbtodorovski

janeski-fbnora-fb

 
 
11.11.2016 - 10:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега