Адеми: Ивештајот на ЕК очекуван, реален и коректен

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Арбр Адеми денеска изјави дека Извештајот на Европската комисија за Македонија бил очекуван, реален и коректен.

- Тоа што го очекувавме тоа и го добивме. Верував дека Република Македонија ќе добие реален, коректен и објективен извештај каде ќе се нотира и напредокот, изјави Адеми, кој денеска присуствуваше на конференцијата за влијанието на евро-атлантските интеграции врз меѓуетничките односи.

Вицепремиерот за европски прашања посочи дека Извештајот содржи и препораки особено за областите кои се опфатени за итните реформски приоритети.

- Препораките, констатациите секако дека се важни за нас. Секретаријатот за европски прашања изготви анализа која е испратена до сите институции, а ќе биде разгледана и од страна на Владата, рече Адеми.

Тоа што е позитивен чекор, според него, е дека Македонија доби препорака имајќи ги предвид сите околности со кои се соочува земјата.

- Таа препорака е потврда за европската перспектива на Македонија. Нашиот фокус како што кажавме и претхнодно е да го почитуваме Пржинскиот договор, исполнување на итните реформски приопритети и сите други обврски кои произлегуваат од него. Тоа е единствениот начин да се приближиме кон нашето членство во ЕУ, смета вицепремиерот за европски прашања Арбр Адеми. 

 
 
11.11.2016 - 11:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега