Националниот Сојуз на слепи бара извинување од Ременски
Претседателот на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија (НССРМ) Жарко Селкоски денеска на прес-конференција апелираше до министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски во рок од 48 часа да им се извини и најави поведување кривична постапка.
- Нашата партија е Сојузот на слепите. Нашите членови се и Македонци, Албанци, Турци, Срби, од сите националности. Не може нас да не обојуваат партиски и затоа апелираме до министерката за труд и социјална политика Ременски во рок од 48 часа да ни се извини инаку ќе покренеме кривична постапка, рече Селкоски.
Тој реагираше на вчерашното соопштение на Министерството за труд и социјална политика (МТСП) и истакна дека се згрозени од, како што рече, изложување на некои невистини. Појасни дека на претставниците на незаконски формираната комисија при МТСП веќе им била дадена на увид целата документација.
- Првиот пат дојдоа со доказ и беа примени. Вториот пат кога дојдоа, вчера, упаднаа без никава најава во нашите простории, каде почнаа да бараат документи со навреди и омаловажувања кон нас. Сакаа да вршат притисок, рече Селкоски. Нагласи дека не бегаат од контроли и додаде оти средствата што ги добива НССРМ се наменски потрошени за активности.
Според него, сето ова се прави незаконски, без потпис на дполнителниот заменик-министер Диме Спасов.
Селкоски апелираше да не им вршат притисоци за да може Националниот сојуз на слепите да ги извршува акативнстите без никакви притосци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа