УХМР со вонредна временска: Ново невреме во Македонија

 

  

Под влијание на влажна воздушна маса од Медитеранот, утре ќе преовладува претежно облачно време со врнежи од дожд а на повисоките планини од снег. Пообилни врнежи ќе има во попладневните часови, во западните и севроисточните делови, каде локално се очекува да наврнат над 25 на л/м2. Во југоисточните подрачја ќе има услови и за ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, кој на места ќе достигнува брзина до 70км/ч.

 Од недела, нашето подрачје ќе потпадне под влијание на висок воздушен притисок, кој ќе услови стабилно, но посвежо време. Дневните темпертури ќе опаднат за неколку степени, а утринските на места ќе се спуштат под нулата. 

 
 
11.11.2016 - 15:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега