Наскоро почнува реконструкција на уште три основни училишта

 

Заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, денеск на својот Фејсбук профил објави дека во тек е постапка за избор на компанија за реконструкција на три училишни објекти.

-Министерството за образование и наука започна уште една активност во насока на унапредување на образовната инфраструктура. Имено, преку Бирото за јавни набавки во тек е постапка за избор на компанија за реконструкција на три училишни објекти. Се работи за основното училиште “Св. Кирил и Методиј“ во Велес, основното училиште “Маршал Тито“ во струмичко Муртино и средното училиште “Ибрахим Темо“ во Струга. Проценетата вредност на инвестицијата е 14,5 милиони денари, напиша Ристовски.

spiro

 
 
11.11.2016 - 16:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега