СИТЕЛ: Лицата со посебни потреби добија справи и реквизити за вежбање

 

Лицата со посебни потреби добија справи и реквизити за вежбање. За првпат во историјата Градот Скопје инвестираше со цел на оваа категорија граѓани да им се овозможи место каде ќе може да се рекреираат и спортуваат. Справите се поставени во салите на средните училишта Михајло Пупин и Здравко Цветковски. Часовите ќе се одвиваат под надзор од стручни лица, и претсавници од Црвениот крст на Македонија.

Мислам дека ова е една многу важна работа со оглед на тоа што сакаме да им помогнеме на лицата со посебни потреби  што повеќе да се социјализираат и да се дружат. Во разговор со нив стекнав впечаток дека се задоволни што се дојдени овде и што имааат можност да вежбаат и да се дружат. Градот Скопје  и во наредната година ќе инвестира во набавка на дополнителни справи и за таа цел во Буџетот за наредната година веќе се предвидени средства. За набавката на новите справи веќе сме во преговори со председателите на здруженијат на лицата со посебни потреби. Исто така, ќе го приспособиме и автобускиот превоз за нивните потреби, истакна градоначалникот Трајановски.

Лицата со посебни потрени во училиштетот „Михајло Пупин“ ќе може да вежбаат во вторник и четврток додека во „Здравко Цветковски“  ќе имаат термин секој вторник и петок . Според претседателот на Спортската федерација на Македонија за слепи ова е одлична можност  лицата со посебни потреби да се рекреираат и да го подобрат своето здравје. Бранимир Јовановски, член на  Здружението на лица со телесен инвалидитет на Скопје – Мобилност и инструктор го изрази своето задоволство од реализацијата на овој проект и  набавката на справите

Проектот го реализира Секторот за јавни дејности, преку Одделението за социјална детска и здравствена заштита и Одделението за спорт и млади, како  и здружението на лица со телесен инвалидитет – Мобилност Скопје.

 

 
 
11.11.2016 - 17:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега