Јаневски: СДПМ на претстојните избори ќе настапи самостојно
Социјал демократската партија на Македонија во пресрет на предвремените парламентарни избори 2016 година најави дека ќе учествува, а тоа ќе го направи самостојно, без коалицирање со другите партии.
-За Социјал демократската партија на Македонија коалицирањето со другите партии е туѓо и партијата се задржува на нашите членови, на почитуваните граѓани кои ја почитуваат нашата партија и тоа што ќе го освоиме сакаме сами да го освоиме, не во коалицирање и не со други поголеми партии, исклучиво тоа да биде на социјал демократската партија. Тоа го правиме овие 25 години и овој пат истото ќе го направиме, затоа сакаме да ве информираме дека денеска е последен ден и се надевам дека тоа ќе го направиме до вечерва, изјави Бранко Јаневски претседател на СДПМ.
Тој најави и дека после 11 декември граѓаните се тие кои што ќе одлучат колку пратеници ќе добијат социјал демократската партија на Македонија, а со тоа и ќе организираат генерален реизбор на сите јавни службеници во Република Македонија.
-Јас како претседател на социјал демократската партија сакам да најавам и дека ќе спроведеме и генерален реизбор на обвинители, полицајци, а ќе правиме и реизбор на сите вработени во образованието на сите професори не само на факултетите туку и во средните и основните училишта. Господинот на најголемата социјал демократска партија во Македонија кој преферира да дојде на власт, Зоран Заев ги штити и корумпираните професори и административните службеници, а тој исто така не најави ниту пак реизбор на корумпираните нотари и извршители. Вакви големи и огромни пропусти нема во нашите програмски заложби кои ги имала секогаш социјал демократската партија на Македонија за овие 25 години, потенцираше Јаневски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа