Нови 200 вработувања: Домашната ФПЦ Технопласт почнува градба на фабрика во Бунарџик
Во Технолошко индустриската развојна зона Скопје денеска ќе биде поставен каман темелник за изградба на фабрика на домашната компанија ФПЦ Технопласт.
Најавена е инвестиција во износ од 10 милиони евра која ќе отвори 200 работни места.
ФПЦ Технопласт произведува пластични компоненети за автомобилската, електричната и електронската индустрија
Целокупното производство, според најавите, ќе се извезува и вградува во автомобилските брендови БМВ, Ауди и Рено.
12.11.2016 - 10:08
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа