Студените денови се пред нас - еве кога ќе се затопли

 

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Во западните делови ќе има поголемо наоблачување и услови за слаб локален дожд, а на планините ќе има повремен слаб снег.  Преку денот ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од три до осум, а дневната од девет до 13 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умрен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 12 степени.

. Во вторник се очекува слаб локален дожд, a во четврток се очекува да имаме суво и стабилно време и раст на температурите. 

 

 
 
14.11.2016 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега