Нападнат лидерот на ДУИ Али Ахмети

 

Епизодата со ДУИ навестува атмосфера во која гневот и незадоволството ќе го држат главниот збор, пронозираат аналитичари, по вчерашниот инцидент во Кумановско, кога локални жители го искажаа незадоволство кон ДУИ со блокада на патот и со кршење на стаклото на едно од возилата со кои пристигна партиската делегација, пишува Дојче Веле.

„Кризата не доживеа вистинска катарза без оглед на големиот број протести и на Македонците и на Албанците, туку придонесе да се случи еден вид внатрешна имплозија од незадоволство кое тлее кај граѓаните поради разни нерешени проблеми- егзистенцијални, социјални, (дез)интегративни и ред други, а кои кулминираа по она што тие го слушнаа во ‘бомбите’. Снимките, пак, на еден потценувачки и дрзок начин беа игнорирани од естаблишментот, што придонесе револтот да расте и да добива димензии, кои сега никој не ќе може да ги предвиди“, вели за Дојче Веле поранешен член на ДУИ, кој поодамна ја напушти партијата незадоволен од нивото на внатрешна демократија.

Жители од кумановско Черкезe вчера го блокираа патот кон угостителскиот објект каде што Али Ахмети требаше да одржи средба со активисти на ДУИ. Тие биле предводени од роднини и пријатели на покојниот Џемаил Реџепи (командант Шќипоња), кандидат за претседател на огранок на ДУИ, кој минатата година беше убиен во инцидент со други членови и локални функционери на партијата.

 

 

 
 
14.11.2016 - 11:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега