„Мекдоналдс“ дефинитивно ја напушти Македонија
Утрово беа отстранети ознаките од рестораните за брза храна „Мекдоналдс“, кои беа лоцирани кај Веро 2 и Педагошкиот факултет во Скопје.
Ознаките од рестораните на Мекдоналдс во Центар и во Аеродром беа симнати уште на почетокот на јуни годинава, откако претходно, во месец мај беа затворени сите седум ресторани во Македонија.
Првиот ресторан на светската компанија за брза храна во Скопје се отвори пред 16 години. Во рестораните на Мекдоналдс во Македонија работеа 240 луѓе.