СИТЕЛ: Болницата 8 септември го засили обезбедувањето по неодамнешниот инцидент

 

Засилено обезбедување во ГОБ 8-ми септември по дивеењето во Ургентниот центар од пред десетина дена. Менаџментот на установата направил прераспределба  и од фирмата која ја обезбедува болницата дежурствата биле појачани со кадар.  По инцидентот на 4-ти ноќта, кога толпа од 40 тина лица кршеле во просториите по смртта на нивни член од семејството,  досега немало нови закани и провокации од пациенти и посетители.  Случајот го затвори и МВР. Минатата недела во полициската станица во Карпош, по претходна идентификација биле повикани двајца од оние кои кршеле. Поради нарушување на јавниот ред и мир, за сторениот прекршок добиле платни налози и треба да платат глоба од по 400 евра.

Причина за нередите во  Ургентниот центар е смртта на роднина, кој лекарите не успеале да го вратат во живот и по 40 минути поминати во собата за реанимација.  Неговата состојба била критична и за време на транспортот со возило на Брза Помош. Дежурниот медицински  персонал бил видно вознемирен по хаосот кој следувал потоа.

-Често сме мета на вербални и физички напади, но овој ја прелеа чашата и досега сме немале ваков инцидент, вели Сашо Стојчев

За среќа немало повредени здравствени работници. Но според законските измени, напад врз лекар се третира како напад врз службено лице. 

 

 
 
14.11.2016 - 16:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега