Зголемен прометот во индустријата во септември

 

 

Прометот во индустријата во септември бележи пораст од 10,1 процент во однос на истиот месец минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика. 

На домашниот пазар прометот во индустријата има пораст од 1,1 процент, а на странските пазари пораст од 12,6 проценти во споредба со септември лани. 

Во секторот Рударство и вадење на камен се бележи пораст од 11,8 процетни, а во секторот Преработувачка индустрија од 10 проценти. 

Според главните индустриски групи пораст има кај Капитални производи за 34,1 отсто и Трајни производи за широка потрошувачка за 20,9 отсто, додека опаѓање за 4,7 отсто има кај Интермедијарни производи, освен енергија и за 0,9 отсто кај Нетрајни производи за широка потрошувачка.

Прометот во индустријата во септември во однос на август е зголемен за 12,6 проценти, додека во периодот јануари-септември во однос на истиот период лани е зголемен за 10,7 отсто

 
 
15.11.2016 - 14:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега