Ќучук: Македонија по изборите да се врати на евроатлантскиот пат

Европратеникот од АЛДЕ групата Илхан Ќучук, кој денеска во Скопје е во посета на Либерално-демократската партија, очекува дека народот во Македонија на претстојните парламентарни избори ќе го направи вистинскиот избор за промени со што државата ќе се врати на евроатланскиот пат.

- Народот е тој кој одлучува и јас сум уверен дека ќе направи правилен избор за неопходната промена и во Македонија за да може државата да се врати на евроатлантскиот пат, изјави Ќучук.

Според него, Македонија има важно место на Балканот, а регионот има само еден пат, односно европскиот и оној кон НАТО.

- Бугарија и Македонија се пријателски држави, соседи, кои споделуваат многу заеднички нешта. Сакам еден ден и Македонија да биде дел од европското семејство, да биде дел од НАТО, да биде дел од Европската Унија. Европа ќе биде навистина завршен проект кога сите земји од западниот Балкан ќе бидат целосен нејзин дел. Но, за да имаме една таква Македонија потребна е промена. Промената ќе дојде од македонските граѓани, рече Ќучук. 

 
 
15.11.2016 - 14:02
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега