ФОТО: Погледнете каква катастрофа му се случува на Дебарското Езеро во моемнтов

 

Речиси целата површина на Дебарско Езеро по последните дождови е прекриена со пластичен отпад, кој водите од реките го донеле од дивите депонии по долината на реката Радика.

Најмногу пластичен отпад е собран кај селото Долно Косоврасти, каде што Радика се влева во езерото, како и кај Мелнички Мост.

Ова, како што изјавил Газменд Цами, претседател на дебарското еколошко друштво „Дешат“, се случува секоја година, а годинава количината на отпадот била помала отколку во претходните години, бидејќи во дел од населените места од подрачјето на Река, Општина Маврово Ростуше, организирано се собира отпадот и се транспортира до градската депонија во Дебар, објави МИА.

Според него, тоа е доволна потврда дека организираното собирање на отпадот треба да се воспостави и во другите населени места, каде што на секој чекор може да се видат диви депонии кои потоа со зголемувањето на Радика се влеваат во езерото.

„Пред неколку години екологистите од трите општини Дебар, Центар Жупа и Маврово Ростуше, покренавме иницијатива за поставување челични мрежи кај Мелнички Мост, каде што би се собирал отпадот и тој секојдневно со чамци би се вадел и фрлал во депонијата во Дебар. Но, се остана само како идеја“, додава Цами.

Посовесни, вели Цами, треба да бидат и дебрани, бидејќи фрлаат отпад каде ќе стигнат, а потоа ветерот пластиката ја носи во езерото

 
 
16.11.2016 - 19:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега