СИТЕЛ: 25 пешаци загинале во првите 9 месеци оваа година - намален е бројот од лани

 

25 пешаци ги загубиле животите на патиштата во Македонија во првите 9 месеци годинава. Најранливата категорија учесници во сообраќајот и понатаму бележи големи жртви кога станува збор за сообраќајните несреќи. Сепак споредено со статистичките податоци од минатите години постои тренд на намалување на загинатите пешаци. Ова според познавачите на состојбите се должи на големиот број кампањи кои ги спроведоа надлежните во минатиот период.

На тркалезната маса посветена на пешаците и нивната безбедност во сообраќајот учествуваше и заменикот министер Оливер Андонов. Спроед него кампањите кои дел од луѓето сметаат дека се морбидни сепак даваат резултати а останува тенденцијата нула жртви пешаци во сообраќајните незгоди.

Докторите се први кои стапуваат на сцена по тешките сообраќајни несреќи вели Камиловски кој во својот работен век секојдневно гледа последици од неприлагодената брзина и возењето под дејство на алкохол.

Податоците кои излегуваат на светскиот ден на сеќавањ на жртвите пешаци велат дека на светско ниво годишно животоите ги губат 270 илјади лица припадници на оваа категорија учесници во сообраќајот.

 
 
16.11.2016 - 19:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега