Не излегувајте од дома - вечерва во Скопје е опасно по живот

 

Ако не морате, вечерва најдобро е да не излегувате од дома. Во Скопје воздухот е опасен по живот во речи си сите населби. Најзагадено очекувано е во Лисиче, каде загадувањето е за 5 пати повисоко од максимално дозволеното односно надминува 250 микрограми ПМ10 честички на метар кубен воздух.


Околу 4 пати над дозволеното е загадувањето во Центар, Карпош, Гази Баба и кај Бит Пазар.
Во Македонија вечерва апсолутен рекордер е Битола. Загадувањето е скоро 7 пати над максимално дозволената точка и изнесува 332 микрограми ПМ0 честички на метар кубен.

Над 300 е загадувањето и во Куманово а загадено е и во Тетово и покрај тоа што не работи Југохром. Таму загадувањето е над 220 микрограми ПМ10 честички на метар кубен.

 

 

 
 
16.11.2016 - 21:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега