Институтот за филозофија одбележува 70 години од основањето
Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ и Филозофското друштво на Македонија денеска ќе го одбележат Светскиот ден на филозофијата и 70 години од Институтот за филозофија.
Во рамки на одбележувањето Беседа за филозофијата: Катарсата кај Аристотел ќе одржи проф. Иван Џепаровски. Ќе биде промовиран и зборникот „Античкиот идеал на Калокагајиа“, предавање по повод 40 години од смртта на Павао Вук-Павловиќ ќе одржи Радомир Виденовиќ, а Георги Старделов ќе зборува за просветителството, епоха која народот ја достигнува својата зрелост како народ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа