Извозот пораснал за 63 милиони долари во последните шест месеци

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првите шест месеци од годинава покриеноста на увозот со извоз изнесува 62,8 отсто што претставува зголемувње за 2,8 отсто во однос на истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит во овој период, пак, е 1,185 милијарди долари или за 65,563 милиони долари помалку во споредба со првите шест месеци од 2012 година.

Најголемо учество во извозот имаат катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи), облеката и преработките од нафта.

Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и масла добиени од битуменозни минерали (освен сурови), платината и легурите на платина, необработени или во прав, руди на никел и нивните концентрати и електричната енергија.

Најмногу стоки 70,8 отсто се извезени  во земјите-членки на ЕУ по што следат земјите од Западен Балкан со 20,3 отсто. Најмногу стоки 59 отсто, пак,  се увезени од земјите-членки на ЕУ.

Република Македонија во првите шест месеци од годинава најмногу тргувала со Германија, Грција, Велика Британија, Србија и Италија. Со овие пет земји  е остварена 49,6 отсто од вкупната надворешно-трговска размена.

најчитано сега