Нека не ве лаже сонцето: Каде е најстудено утрово?

Сончево утро со ниски температури. Измерени се -3 воБерово, -2 Битола, Скопје Петровец, Струмица, -1 Гевгелија, Д. Капија, Куманово, Тетово, 0 Прилеп, Маврово, Кр. Паланка, Скопје-З.Рид, Штип, 1 Дебар, Лазарополе, 2 Охрид, 3 Претор, Крушево, Виница, 4 Тополчани, Ѓуриште, Дојран, 6 Пожаране.

 Во текот на ноќта времето беше ведро и претежно тивко, а изутринава во повеќето котлини има појава на слаба магла и магла со намалена видливост. Најизразена е во Д.Капија и Тетово каде видливоста е намалена до 200м.

Денеска е сончево со мала до умерена облачност, по котлините и речните долини со појава на слаба магла, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се движи од 12 до 17 степени.

 

 

 
 
19.11.2016 - 11:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега