Вооружени и маскирани разбојници украле 50.000 денари од бензинска во Куманово

Утрово во 2 часот и 15 минути била ограбена бензинската пумпа “Твинс Петрол“ во Куманово.

Три непознати лица, маскирани и вооружени, од кои едниот со пиштол а другите двајца со автоматски пушки извршиле разбојништво над три вработени во бензинската.

Крадците одзеле 50.000 денари и 10 штеки цигари “Малборо“. Тие откако влегле во бензиската пумпа со закана со огненото оружје ги одзеле парите и цигарите, по што заминале во правец на селото Черкези-кумановско.

Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

најчитано сега