Се родил слеп а прогледал откако паднал по скали - старец за прв пат ја видел светлината на денот на 70 години

 

Пјер Паул Томас, 70-годишен старец од Канада, бил роден слеп и целиот живот не можел да гледа, но откако пред две години паднал по скали неговиот живот се променил засекогаш.

Иако за жал при падот по скалите старецот од Канада ја скршил аркадата и се здобил со повреди, сепак тој било всушност најубавото нешто што му се случило во животот, бидејќи тој ден морал да биде опериран, па така почнал да гледа.  Пјер за прв пат за 70 годишна возраст ја видел светлината на денот.

- "Кога веќе ве оперираме, сакате да ви ги средиме и очите?!", било прашањето на хирургот кое го шокирало старецот кој се имал помирено со тоа дека нема да прогледа до крајот на животот и покрај сите напори. Според докторот Дев Чем, Томас не гледал поради пердето на очите, а не поради болеста, пишува "Montreal Gazette".

"Се ми е прекрасно. Лицето, кожата, од се сум маѓепсан", вели Томас кој по операцијата почнал се одново да учи.

"Пред ова, се ми беше сиво!", додава старецот.

Тој сега има проблем да ги запамети и разликува боите, но е среќен што конечно може да и се радува на светлината на денот.

12:10

најчитано сега