Попоски: На 11 декември ќе решиме дали ќе имаме силна Македонија или Македонија со свиткана кичма
Луѓе од калибарот на Заев, Рада и Стево, професионални профитер се водат од една водилка- да се врзат за фотелја. Мислат дека не ги знаеме, истакна Никола Попоски, носителот на кандидатската листа во првата изборна единица, на вечерашниот голем митинг во Скопје.
-Мораме заедно да се избориме, а за успех во таа борба вие, народот сте најдобриот гарант. Вие знаете кој гради, а кој руши, кој отвора, а кој затвора работни места, кој гради патишта и иднина… Ние во секоја одлука сме го сакале најдоброто за нашата земја, за народот.
На 11 декември, додаде Попоски, ќе решиме дали ќе имаме силна Македонија или Македонија со свиткана кичма.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа