Груевски: Единствената сила доволно моќна да ја спаси нашата држава сте вие, народот на Македонија!

 

Единствените кои можат да им пратат јасна порака на нив и да го запрат нивното дивеење и продлабочување на кризата, сте вие! Народот на Македонија! Единствената сила доволно моќна да ја спаси нашата држава сте вие, народот на Македонија! Единствените доволно храбри да им се спротистават, сте вие граѓаните на Македонија!, oва го истакна истакна Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатската листа во 4-тата Изборна единица на Коалицијата „За подобра Македонија“ на митингот во Скопје.

-Играње со теми како двојазичност на целата територија и кантонизација, и нудење работи кои некој не ни сонувал дека може да ги добие ниту преку војна, коцкање на нашите надворешно политички позиции преку кодошење на нашата држава секаде во странство, криминали на локално и државно ниво, неработење и покрај тоа што се по 20 години во политиката, лажни ветувања и потценување на народот се работи кои тие ги носат со себе. Говорат за слобода на медиуми, а корумпираат, купуваат и притискаат медиуми, говорат за корупција, а не можат да се одглават од тендери и перење општински пари по принципот едно ваму едно таму. Тоа е истата гарнитура која уништуваше фабрики кои ние сега со проектот Рестартирање на компаниите – Жртви на транзицијата се подготвуваме да ги обновиме. Бркаа инвеститори за да ги заштитат нивните олигарси, а работни места да се отворат беше мисловна именка. Тоа се истите тие луѓе кои ја уништија средната класа, се збогатија лично, и тврдеа дека некои прашања не заслужуваат одговор, паралелно направија армија од платени протестирачи и систем кој е марионета и работи за сите освен за сопствениот народ. Единствените кои можат да им пратат јасна порака на нив и да го запрат нивното дивеење и продлабочување на кризата, сте вие! Народот на Македонија! Единствената сила доволно моќна да ја спаси нашата држава сте вие, народот на Македонија! Единствените доволно храбри да им се спротистават, сте вие граѓаните на Македонија!, рече Груевски во својот говор на митингот пред Собранието на Република Македонија.

 

 
 
27.11.2016 - 21:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега