Груевски: Ќе креираме 70.000 нови работни места и невработеноста ќе ја сведеме меѓу 17 и 18%
Ќе креираме околу 70.000 нови работни места, а невработеноста ќе се сведе за четири години некаде помеѓу 17 и 18 проценти. Ќе ги зголемиме платите во јавниот сектор за 10,25 отсто до 2020 година, и за 10.25% ќе ги зголемиме пензиите на пензионерите за тој период, истакна Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатската листа во 4-тата Изборна единица на Коалицијата „За подобра Македонија“ на митингот во Скопје.
-Ќе креираме околу 70.000 нови работни места, а невработеноста ќе се сведе за четири години некаде помеѓу 17 и 18 проценти. Ќе ги зголемиме платите во јавниот сектор за 10,25 отсто до 2020 година, и за 10.25% ќе ги зголемиме пензиите на пензионерите за тој период. Ќе ја зголемиме и социјалната помош за нови 50 отсто до 2020 година.
Ќе направиме постепено реално зголемување на минималната плата, и таа ќе достигне 14.000 денари до 2020 година, а во текстилната и кожарската индустрија постепено ќе се зголемува до 13.500 денари. За бизнисот ќе обезбедиме кредитна линија од ЕИБ со која ќе се изврши репласирање на над 100 милиони евра со особено ниска и фиксна каматна стапка.
Ќе отвориме 140 детски градинки. Ќе изградиме 18 нови училишта и ќе реконструираме повеќе од 140 училишни објекти.
Во делот на модернизација на здравството, во следните четири години ќе набавиме 3.700 најсовремени медицински апарати и медицинска опрема во вредност од 33 милиони евра.
Ќе го реализираме проектот рестартирање на стопанските капацитети – Жртви на транзицијата, со пакетот мерки за инвеститорите кои ќе се стекнат со сопственост предвидуваме директна државна финасиска подршка, грантови за набавка на машини и адаптација на просторот, даночни ослободувања и низа други поволности.
Ќе го реализираме и проектот „Од град во село за нов почеток“ при што корисниците ќе добијат финансиска помош за градба или купување на куќа, месечни примања во период од 18 месеци, земјиште на располагање или добиток со пасишта и други поволности..
Предвидуваме доизградба на започнатите три автопати, како и почеток со изградба на три нови автопати со 6 ленти и тоа од Скопје до Блаце, од Гостивар до Кичево, и од Требеништа до Струга. Предвидуваме изградба на 6 нови експресни патишта со 4 ленти и тоа Ранковце-Крива Паланка, Градско-Прилеп, Штип-Кочани, Штип-Радовиш, Битола-Жабрни-Меџитлија и Охрид-Пештани. Предвидуваме изградба и реконструкција на над 60 регионални патишта во вкупна вредност од над 140 милиони евра. Дополнително за изградба и реконструкција на локални патишта предвидуваме нови 30 милиони евра.
Предвидуваме набавка на 3 нови дизел моторни возови, 2 нови електро-моторни возови и 3 нови електрични локомотиви за македонски железници за што ќе инвестираме 30 милиони евра.
Ќе го реализираме и проектот Рурални развојни зони, во населени места кои се на листата на рурални подрачја, наведени во нашата Програма, над 1650 села и градови под 10 илјади жители, каде инвеститорите ќе имаат услови слични, но и подобри од оние во слободните економски зони за правење на бизнис.
Ќе овозможиме нови над 600 милиони евра за субвенции за македонските земјоделци и руралниот развој. 80 осто поддршка од државата за вградување на системи капка по капка, ископ на бунари, и набавка на високо приносен добиток. Ќе ја зголемиме и поддршката од 50 на 60 отсто за набавка на трактори, механизација, опрема и подигање насади. Ќе воведеме и проект за професионални земјоделски советници кои ќе бидат на располагање на македонските земјоделци за унапредување на земјоделското производство. Ќе изградиме и агро пазар, еден вид современа земјоделска берза по терк на амстердамската, рече Груевски на вечерашниот митиг во Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа