Каков срам - СДСМ ја украле цела кампања од српска партија

Српските антиглобалисти и ултранационалисти ДВЕРИ, имаат намера да покренат судска постапка за кражбата на изборниот слоган и предизборната кампања. Тоа за дневник го потврдил Срѓан Ного, пратеник и функционер на српското движење, потенцирајќи дека тие немаат никаква комуникација со социјалдемократите во Македонија, пишува Сител.

-Првпат слушаме дека некоја партија во Македонија ја земала нашата кампања како своја. Ние ќе видиме за какво „позајмување“ се работи и кој го сторил тоа – дали опозициската СДСМ или некоја пиар-агенција што им ја работи кампањата. Потоа ќе видиме и дали може да тужиме некого и по која основа, изјавил Ного за „Дневник“.

Ного вели дека е изненаден од преземањето на нивната кампања и на концептот што го примениле на изборите.

-Концептот на кампањата чие централно мото е „За живот во Србија“, „Да го вратиме животот во свои раце“, со користењето плакати зад партиските говорници е целосно наше партиско дело - наведува Ного.

Од друга страна пак, директорот на центарот за Комуникации на Двери, Југослав Кипријановиќ за Вечер изјавил дека им е мило што СДСМ ја украла нивната анти НАТО и антиглкобалистичка програма.

- Кампањата и комплетниот изглед ги смисливме сами, на што сме горди, затоа што  покажавме дека може да се трча на изборна трка и без скапи агенции. Слоганот "За живот на Србија“ го користиме од 2012. Тоа што СДСМ ни ги презема слоганот и кампањата е знак дека нашата партија работи добро, изјавил за Вечер,  директорот на центарот за комуникации на Двери, Југослав Кипријановиќ.

Инаку ДВЕРИ важи за екстремно на најрадикалните српски националисти. За тоа колку нивниот концепт е квалитетен и вреднуван меѓу српските гласачи, потврда се резултатите од минатите избори во Србија, кога партијата, и тоа во коалиција со Демократската странка на Србија, заедно освоија 5,04 отсто од гласовите и едвај го поминаа цензусот за влез во Собранието. 

 
 
28.11.2016 - 19:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега