ФОТО: Фијаско на Ахмети среде Скопје
Порталот на албански јазик Алмакос информира дека Али Ахмети, лидер нна ДУИ зборувал пред полупразна сала на Денот на Албанското знаме.
Алмакос пишува дека од страна на албанската владејачка партија ДУИ, во хотелот “Холидеј Ин” беше организиран настан во чест на националниот празник на албанското знаме, 28 Ноември. Воедно тоа е и денот кога во Валона во 1912 година била прогласена независноста на албанската држава.
За настанот, според информациите и фотографиите објавени на порталот Almakos се чини немало голем интерес. Секако, очекувањата на ДУИ биле големи од овој настан, бидејќи на него присуствувал и говорел лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Сепак, интересот за присуство во оваа манифестација беше многу мал, се вели во информацијата на Almakos .
Покрај стандардното обраќање до присутните, за манофестацијата била предвидена и културна програма со учество на групата “Rreth Oxhakut”.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа