Изборните карвани продолжуваат - еве каде ќе има митинзи денеска
Политичките партии денеска ќе ги претстават своите програми на средби со граѓани и на митинзи низ Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ ќе одржат митинзи во Гостивар и во Тетово, додека пак, СДСМ и Коалицијата „За живот во Македонија“ ќе одржат митинзи во Македонска Каменица и во Делчево.
Коалицијата „ВМРО за Македонија“ ќе има средби со граѓани во Тетово и Гостивар и ќе одржи трибина во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Кичево. Демократската партија на Албанците (ДПА) ќе одржи митинг во Боговиње. Kоалицијата за промени и правда ќе има средби со граѓаните на Пржино, Црниче и Кисела Вода.
Алијансата за Албанците ќе одржи митинг во Теарце и во Бутел.
Инаку, денеска е деветти ден од предизборната кампања, за изборите на 11 декември.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа