Заев го честита големиот муслимански празник Рамазан-Бајрам

По повод големиот верски празник Рамазан Бајрам, лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Зоран Заев денеска упати честитка до Реис ул улема на Исламската верска заедница, Хаџи Сулејман ефенди Реџепи и до сите верници од исламска вероисповед во Република Македонија.

Заев во честитката на верниците од исламска вероисповед им посакува добро здравје, благосостојба и мир во душата.

- Верувам дека како и досега ќе останеме цврсто обединети во заедничкиот стремеж за непрекината промоција на мултикултурната и мултиконфесионалната соработка и соживот во нашата држава. На тој начин заеднички ќе придонесеме во остварувањето на поголема духовна благосостојба на сите граѓани на Република Македонија, се наведува во честитката од претседателот на СДСМ.

најчитано сега