Повредата на Самарџиски не е сериозна
По деталните прегледи на повредениот бутен мускул на нашиот центар Предраг Самарџиски утврдено е дека повредата не е сериозна, а Самарџиски се очекува да се врати во редовен тренажен процес по само 3-4 дена одмор.
По само неколку одиграни минути на пријателскиот натпревар во Славонски Брод, Самарџиски поради повредата мораше порано да го заврши натпреварот. Првичните процени за повредата на Предраг Самарџиски се покажаа точни и на нашиот репрезентативец ќе му бидат потребни само неколку дена одмор за да се рехабилитира и да продолжи со редовни тренинзи.
Репрезентацијата на Македонија по денешната средба со Хрватска закажана за 16 часот, веднаш патува за Скопје, а репрезентативците ќе добијат три дена одмор пред продолжението на подготовките.
Со редовни тренинзи се продолжува на 11 август во СЦ „Борис Трајковски“, а на 17 август Македонија игра пријателски натпревар против Литванија во Скопје.
ФОТО: Дневник