ВИДЕО: Чкембари со топки снег ги гаѓаа судиите, а линискиот судија го изеде подебелиот крај
Денеска во Битола се одигра вечното македонско дерби меѓу Пелистер и Вардар, каде што вардарци славеа над Пелистер со 0-1 и ја прекинаа победничката серија на Битолчани.
Дербито помина со икс прекини затоа што домашните навивачи го искористија снегот на трибините за да прават топки и да ги гаѓаат судиите и противничките фудбалери.
Во еден момент тие го погодија и линискиот судија Дејан Костадинов кој се пожалил на повреда, а еве како изгледаше целата ситуација.
30.11.2016 - 16:34
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа