Охрид: Кршел стакла на џамија па нападнал полициски службеник

Вчера во 12 часот и 30 минути на улицата “Даме Груев“ во Охрид, 20-годишниот А.К. од Охрид со рака скршил едно стакло од џамија при што се повредил, а потоа при обид да биде приведе, го нападнал едниот од полициските службеници.

Лицето е приведено во полициската станица во Охрид а при алкотестирање кај истиот е утврдено присуство на алкохол во крвта од 2,28 промили.

По целосно расчистување на случајот против сторителот ќе биде поднесен соодветен  поднесок.

најчитано сега